МАГИЈАТА НА АЛБЕРТ ПАРК


Интернет е весела територия. Можеш да се забавляваш неограничено. Там няма невъзможни неща. Наистина няма! Никога не съм предполагал, че ще да е възможно някой да ме превежда на ...македонски! 
Но се намери и такъв човек. Фен на Формула 1. Съратник по забавление, така да се каже. 
Владимир Траяноски се казва. Има си блог. Полива си го обилно с думи. Понякога негови, понякога чужди... както дойде. Има си и фейсбук страница. Че може ли иначе? 
Та там в бележките на страничката във фейсбук се случило невероятното - текстът ми Магията на Албърт Парк преведен НА МАКЕДОНСКИ

Моля настанете се удобно и се насладете! 

МАГИЈАТА НА АЛБЕРТ ПАРК

Формула 1 влегува во 63-тaта сезона. Може да се каже дека ја поминала просечната возраст на човечкиот живот и веќе влегува во староста. Но ако ја погледнеме  активноста на основачот на Формула 1, Берни Еклстоун, кој е постар за цели 20 години, ќе видиме дека не сме во право кога го испраќаме омилениот спорт во пензија. Не е јасно дали Формула 1 ќе продолжи и во иднина да биде истата, но додека ја има, сигурно ќе ги забавува приврзаниците, а тие постојано ќе се подмладуваат.
Сезоната 2012 во Формула 1 ќе стартува во Мелбурн.
Големата награда на Австралија е дел од Формула 1 уште од 1985 година. Но "Мелбурн Гран При-то ", или "Алберт парк", како што е попозната оваа улична патека, е домаќин на карванот секоја година од 1996 наваму. За љубителите на статистиката ќе кажеме дека во Мелбурн имало уште две трки со името Гран При на Австралија - во 1953 и 1956 година, на речиси истата траса, но тие не биле дел од сезоната во Формула 1.
Има една позната изрека, која многу од приврзаниците на Формула 1 ја знаат: Кој ќе победи на првата трка на "Алберт парк", тој ќе биде шампион во таа сезона. Оваа интересна изрека е добро да биде испитана. Вреди да се погледне во историјата за да ја видиме иднината на Формула 1 - да ја откриеме магијата на "Алберт парк".
Еве ја и чистата статистика:  16 трки на "Алберт парк", 14 од нив како прва трка во сезоната, од 14-те трки, на 10 победник бил возачот кој подоцна ја освоил и титулата и само 4 трки во кои победник е "друг" возач. Оваа, на прв поглед случајност, се чини како правило, кое можеби треба да се земеме предвид.
Но да го погледнеме правилото и исклучоците во детали: 
Се започна во 1996 година. Првата трка на патеката "Алберт парк" во историјата на Формула 1. Победник е Дејмон Хил со Вилијамс-Рено. Тој беше победник на таа прва трка пред клубскиот колега Жак Вилнев. На крајот на сезоната Хил ја освои и титулата, како втор повторно Вилнев.
Во следната сезона, за да има рамнотежа во развојот на патеката, победник е не возачот кој подоцна ќе стане шампион. Во 1997 година на "Алберт парк" победи Дејвид Култхард со Мекларен-Мерцедес, но шампион сепак стана Жак Вилнев со Вилијамс-Рено. Овој недостаток на хомоген резултат се повторува и во наредните две години. Во 1998 Мика Хакинен со Мекларен-Мерцедес победи во Австралија, и ја зеде титулата, а во 1999 кога шампион повторно е Хакинен, на првата трка во Мелбурн победи Еди Ирвајн со Ферари. 

До крајот на 20-тиот век резултатот е 50/50. Но, по 2000-та година се се менува. На големата сцена излегува Михаел Шумахер и почнува да создава рекорди, традиции и правила. Тој победи во Австралија и ја освои титулата во 2000, 2001, 2002 и 2004. Во 2003 победата во Австралија е за Дејвид Култхард повторно со Мекларен-Мерцедес. 
Во 2005 година победникот на Австралиското Гран При повторно не е крајниот победник. Тогаш во Мелбурн победи Џанкарло Физикела со Рено, а шампион станува клубскиот колега Фернандо Алонсо. Тоа е последниот исклучок од ова правило. Во 2007, 2008, 2009 и 2011 година, кога ГН на Австралија е прва трка, секогаш победникот на трката станува шампион. Притоа станува збор за четворица различни шампиони и Михаел Шумахер нема речиси ништо заедничко со тоа ... 
Заклучокот што се наметнува е дека во Австралија победува или шампионот или некои "втор возач". Втор возач, се разбира не е прецизен поим што треба да се земе буквално, туку со разбирање на фактите. Забележете дека ниту еден од победниците "исклучоци"  на првата трка не успева да стане шампион. Ниту Култхард, кој на два пати е прв на "Алберт парк", ниту Еди Ирвајн, нити Џанкарло Физикела не стануваат шампиони воопшто. Покрај тоа, тие никогаш немале гарантиран статус на прв возач во тим кој се бори за повисоките места. 
Дејвид беше втор возач, покрај Дејмон Хил во Вилијамс, а потоа беше втор меѓу еднаквите во Мекларен. Можеби го имаше статусот на привилегиран возач во тимот на Рон Денис во 2001, кога беше единствениот ривал на Шумахер во борбата за титулата, но тоа не е во негова корист од две причини, прво затоа што не победи во Австралија и второ, затоа што тогаш тој не успеа да се избори со себе си и да поверува дека може да го победи Михаел. За престојот во Ред Бул може слепо да се тврди дека стигна до статусот на прв возач, но што од тоа? Што ли значат две трети места за 4 години... 
Еди Ирвајн страдаше многу од синдромот на втор пилот, но во 1999 кога имаше реална шанса да стане светски шампион со Ферари (а при тоа и победи на "Алберт парк"), тој не успеа (можеби и благодарение на Михаел Шумахер). Еди исто така беше "прв возач" на Јагуар - тимот кој подоцна стана Ред Бул, но и тој, како и Дејвид, забележа вкупно две трети места на подиумот за три години. Друго е прашањето што како бизнисмен, Еди се покажа доста голема ајкула ... 
Џанкарло Физикела воопшто не успеа да се докопа до борба за титулата, или пак да си издејствува статус на прв возач во голем тим, иако ја имаше таа шанса во сезоната, во која победи во Австралија - 2005. Тој секогаш пристигнуваше на погрешно место или во погрешен тим (во кој дури и како прв возач немаше шанса). За разлика од предходно споменатите два возачи Физикела забележа (како "прв возач") за тимот на Форс Индија само еден подиум, но за сметка на тоа - второ место - во трката за Големата награда на Белгија во 2009 година. 

Тројцата победници во Австралија, кои не станаа шампиони доста се слични, иако се многу различни. Тројца прекрасни возачи, но кои не се искачија на врвот ... 
... Така што (кажано со намигнување) ако во недела, во Австралија, победи Марк Вебер, не очекувајте тој да стане шампион. Поголема е веројатноста тој да биде во "исклучоците". 
Магијата на "Алберт парк" до сега делуваше безмилосно. Избор на судбината, или си шампион, или одиш во графата "Не успеа". Ете затоа, освен шестмината шампиони и останатите возачи има за што да се борат во недела - за Големата награда на Судбината. 
Првото место во првата трка од сезоната ќе биде многу важно за секој од нив, како и за другите. Но важна е и целата сезоната, бидејќи "една птица не ја носи пролетта " и со една победа не се станува Шампион. 

Се прашувам, што ли ќе стане ако знаеме кој ќе биде шампионот уште по првата трка? Дали интересот за останатите трки нема да се загуби? Тоа се прашања на кои секој може да си одговори сам. Јас лично сметам дека поважен е патот кон титулата, а не самата титула, таа е за статистичарите. 
Од друга страна, ова правило оваа сезона ќе престане да важи, како и секоја откриена мистерија.

Снимки: F1zoom 
Превод by 
Текстът е публикуван на "оригиналният език" ето тук.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Благодаря ти Владо за случката. Денят ми беше доста по-забавен с теб! :)

Коментари

Популярни публикации от този блог

Последното състезание на Сена

Пилотите 2013

Жил Вилньов - завинаги!